мал (прид.) - група (имн.)

Јас дури не ни бев во состојба да забележам сѐ што се случуваше во тој час, но паметам дека, кога се затемни, еден по еден или во мали групи, вревејќи, заминуваа, а јас останав сам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дејвид е член на мала група на илуминати кои играат значајна улога во навигацијата на нашата иднина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
___ 21 Движењето на отпорот кое непосредно по капитулацијата на Кралската југословенска војска го организирал полковникот Дража Михајловиќ во почетокот се состоело од мала група офицери, подофицери и војници на кралската југословенска војска, исклучиво Срби, кои одбиле да се предадат на Германците во средината на април во реонот на Добој во северна Босна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сопственикот и Аргир ја испратија со погледите таа сива маса наежена од гнев и умора, којашто, колку повеќе се оддалечуваше, толку повеќе се разредуваше и се кинеше на мали групи, поединци...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Трката по создавање на погодна бизнис клима и зголемена економска компетитивност и покрај сите свои ветувања за подобрување на положбата на работникот, доведе до создавање на една мала група транзициски добитници поставена наспроти армијата на отпуштени и обесправени работници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Решивме да дејствуваме како мала група смело, на своја глава“66.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџискиот кружок бил составен од релативно мала група македонски младинци, од кои најпознати биле: Јордан Попјорданов, Костадин Иванов Кирков, Димитар (Диме) Мечев-Мечето, Илија Трчков, Владимир (Владо) Пингов, Георги Петров Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Попјорданов - сите од Велес, потоа: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Цветко Трајков.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Атентатите биле дело на гемиџиите - мала група, составена главно од младинци што се надевале дека преку еден голем подвиг против европските претпријатија во Македонија ќе ги принудат големите европски сили да се погрижат за давањето автономија на Македонија, за што, по силата на Берлинскиот договор од 1878 година, биле морално задолжени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Всушност, многу години пред теоријата за хаосот да стане популарна, една мала група на научници, вклучувајќи го тука и Херберт Сајмон, Иља Пригожин, Херман Хакен и некои други бараа теорија за сложеноста, општи принципи за систем чии многу делови заемодејствуваат и создаваат сложени поведенија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но постои мала група луѓе кои на бивша Југославија гледаат како на потенцијално сценарио што може да се повтори во останатиот дел на светот, особено во Русија и Европа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Очигледната способност на Холандовите симулации да ја одразат природата го привлекла интересот на една мала група на економисти, вклучувајќи го Брајан Артур од Универзитетот во Станфорд и нобеловиот лауреат Кенет Ароу кои веруваат дека економиите можат исто така да бидат разгледувани како сложени адаптивни системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но можам да си претставам мали јазли на отпор, расфрлани овде-онде... мали групи луѓе поврзани меѓу себе, како постепено растат и дури како оставаат неколку документи зад себе, за да може идната генерација да продолжи таму каде што сме застанале ние.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во следниот момент, не сосем случајно, дозволи една мала група луѓе да го раздели од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето од Пентагон и владините канцеларии коишто инвестираат во базите на податоци, се под влијание на разговорите кои се одвиваат во мали групи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кон крајот од 30-ите години мала група артисти посака да создаде постојан руски театар.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
КОСТАДИН: Што, Симке?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седат, пијат и замислено пеат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Повремено придружував еден учител по пеење на кратки концерти, кога ќе ме побараа одев на забави, свирев во мали групи, на свадби, приеми, компонирав неколку песни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Просторите треба да бидат така организирани што на секој пациент ќе му овозможат интеракција со мала група, да не мора да се соочува со непознати лица.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се загледа во малата група туристи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Одредите ги разби и нареди во мали групи да тргнат на југ, додека противникот со целата своја сила - тргна на север.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко ми нè нарекува „мала група среќни дебили” и постојано се мајтапи со нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, зошто сме „дебили”? – се заинтересира тој викенд за време на вечерата Огне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас се обидував да ја задржам присебноста и да смислам нешто паметно, оти се чувствував одговорна за нашата мала група и за ова што нѝ се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моја беше идејата да отидеме попладнево во парк без да им кажеме на нашите дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)