мал (прид.) - бебе (имн.)

Имаше во близина уште некои непознати жени, мажи, млади девојки, момчиња и деца, дури и мали бебиња, и сите нешто весело разговараа, се смееја, играа брканица или чекаа да дојдат на ред за нишалките.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ова заспивање не е вистинско, како што мајките ги заспиваат малите бебиња, туку е наш заеднички ритуал секоја вечер, кој изгледа вака: јас ќе легнам, мајка ми малку подоцна ќе влезе во собата, ќе седне на мојот кревет, а понекогаш, кога има повеќе време или кога е порасположена, и ќе прилегне, па ќе си разговараме нешто и таа ќе ме гали по грпчето, по косата и по рацете, а многу често и ќе ми раскажува приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некои од нив се најдени уште како мали бебиња, понекогаш на улица, понекогаш дури и во ѓубришта.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Порано секоја вечер, без исклучок, ми раскажуваше различни приказни, нејзини, измислени, а сега сè поретко, оти наместо нив имаме други интересни теми за разговор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И мали бебиња, каков што сега беше нејзиниот невин Карл, стануваа жртви на нивниот садизам.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Покрај нас минуваа среќни мамички и татенца туркајќи колички со мали бебенца кои гукаа нешто што и самите не го разбираа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Новите гости стигнаа рано изутрина. Млад човек, дебела жена, мало бебе и шест куфери.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)