мал (прид.) - е (гл.)

Мала е радоста што ја носат спечалените пари за да ги ублажи оние маки кои печалбарот ги трпи во туѓина и немаштијата што ја трпат оние што остануваат дома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Плата имате, мала е верувам, но ја земате навреме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Слушај, малиот е многу фино момче, јас го вежбам трипати неделно, жена му очекува дете, а тој работи за фирмата на татко му.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Разбирам, - вели Весна и ги стиска забите. Таа тоа го прави кога не е сосем искрена. Мала е да разбере.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу знаат тие кога ми е време, а кога не!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак решив да го оставам кај мајка му. Мал е уште.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
СУЛТАНА: Цел ден плаче детето. Мало е. Ништо не разбира.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Одеше по мене. - Одел, сега го нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мал е тој за тебе. - Мал? Колку што беше ти стар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А што се однесува до него, мислам до татко ти, сметав дека не е подобар но не е ни полош од другите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина, кога ќе погледнеш околу себе, мал е бројот на оние кои веднаш им се покоруваат на тешкотиите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секој се бори, секој настојува да се искачи на брегот на спасот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сашо не можеше да разбере. Мал е за да проникне во тајната на толку сложени нешта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мала е да разбере. Но нека. Ќе порасне и ќе разбере.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)