- А ти прости. Мал си да разбереш што се случува со нас несреќните. - Мал бев. Сега сѐ знам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мала беше надежта, дека внучето ќе роди некакво чувство кај нив. За него. За неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како мала беше многу бистра, а слушав си била и одлична ученичка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го паметиш случајот со Кубре и Босилка Кубрева. Или не, мал беше!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мал беше Јаго да дави, мали беа и Скапен и Ранго. Сѐ беше мало околу него.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најверојатно, од мали беа свесни дека еднаш, кога – тогаш, ќе бидат фатени и бутнати во рудничка јама.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Што сака тој Куно Бунгур? Ни со сите реки не ќе го измие гревот на... - На оној со врзано око? - Мојот, воздивнала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жално квичејќи, животното не се обиде веќе да ги спасува децата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Мало беше на прв поглед тоа поприште, штуро за непосветените, - шеесет и четири црно-бели полиња на една плоча што можеш да ја носиш под мишка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)