македонски (прид.) - цар (имн.)

Кога се премина на вино и кога полковниците му одвраќаа на здравицата на кметот, кој при секоја новонаполнета чаша, им наздравуваше, учителот крена чаша, им наздрави и почна: - Селово наше, Езерец, има 180 куќи со 850 жители; формирано е по доаѓањето на Словените во шестиот век, најпрвин како рибарска населба; во деветтиот век е под власт на Бугарија; во десеттиот век влегува во царството на македонскиот цар Самоил; по неговото пропаѓање, во единаесеттиот век потпаѓа под независното Латинско царство што го формираат Крстоносците на одење кон Ерусалим за да го ослободат Божјиот гроб; потоа со ширењето на Второто бугарско царство, пак потпаѓа под него; потоа е во состав на Српската држава; со доаѓањето на Турците, останува пет века под Отоманското царство; по Балканските војни, пак е во состав на Српската држава; од 1915 година пак е под Бугарија; а сега, по пробивањето на Солунскиот фронт, во состав на кралството СХС.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Меѓутоа, Ахајскиот сојуз се кренал против доминацијата на Спарта и во таа борба го повикале македонскиот цар на помош.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Алусијан, син на македонскиот цар Иван Владислав, бил поразен кај Солун по што се вратил на Острово, го ослепил Петар Делјан и му се предал на византискиот цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Потоа го кладе тратот во лулето, тутунот се запали, повлече неколкупати и продолжи: - Некојпат, расправаат старите луѓе, имало некој македонски цар.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По смртта на последниот македонски цар Јован Владислав (1018), Васил II ја потчинил Македонија и ја ликвидирал македонската средновековна држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По ова во градот Пела од страна на Македонците бил прогласен за македонски цар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Најголем удар за Македонците преставувало напуштањето на Македонија на последниот македонски цар Персеј со целото негово семејство, роднини, пријатели, копнената војска и флотата, дипломати и други претставници на македонската аристократија и нивно заминување во Рим.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)