Ми се чини - барем колку што мојата скудна визура досега - дека ти си веројатно најчувствителниот македонски уметник на турбуленциите меѓу она што се нарекува „поп” и „уметност”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа значи дека, ако македонскиот уметник сака да изведе чудо - што е секако еден од највисоките дострели во областа на уметничката креација - и створи јато пингвини под зајдисонцето на саваната, ќе добие пар пцости од преполните со неразбирање љубители на уметноста како награда за овој негов труд.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не знае човек што е полошо: да бидеш толку заостанат ко македонските уметници во однос на светските трендови, или да бидеш толку гротескно, понижувачки и карикатурално „присилен“ да создаваш CD-уметност... nn Претеруваш, едноставно не мораш да се бавиш со тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во оваа прилика би сакале да посочиме и на уште еден македонски уметник кој во сферата на ликовното творештво е некаков тип на "манирист", но и многу повеќе од тоа, што фино го покажува и изложбата "9 1/2" во МСУ, кадешто делата на Ацо Станковски (за него станува збор), со својата "моќ за комбинирање" и со големата сликарска вештина (толку нетипична за нашиве простори) оставија апсолутно супериорен впечаток.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)