македонски (прид.) - население (имн.)

Имаше дури и еврејски сефардски семејства, имаше едно ерменско семејство на музичари, имаше и едно руско семејство, спасено од Октомвриската револуција, имаше неколку турски семејства, имаше не­колку семејства од Егејска Македонија, тука беше нашето албанско семејство, среде многубројното македонско население, во оваа мала Козарска република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Подготовките за Тиквешкото востание ги започнало месното население предводени од истакнати револуционерни членови на Околискиот и на месните комитити на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Македонија делувале српските политички партии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Задушувањето на востанието било проследено со репресалии од страна на османските власти врз македонското население, а градот на Републиката, Крушево бил претворен во пеплишта и урнатини.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По окупацијата, условите во Грција и посебно во делот на Македонија под Грција биле поволни за отпор против окупаторот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
АКТИВНОСТА НА ТМОРО ПО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ Неуспехот на востанието било причина за бројни несогласувања меѓу нејзините членови при што се издиференцирале две гледишта.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во однос на исламизацијата во Македонија од шеесетите до осумдесетите години на XVI век според статистичките податоци, околу половина од вкупното градско муслиманско население имало христијанско потекло, што врз основа на сумарни показатели може да се заклучи дека една четвртина, односно 25% од вкупното градско население на Македонија во тоа време му припаѓало на исламизираното домородно, пред се македонско население.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За време на австро-османлиската војна дошло до влошување на економската и политичката положба на македонското население.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За разлика од градското население исламизацијата зафатила просечно околу 3% од селското македонско население.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие состојби, како и разнишаноста на османлиската власт на Балканот нуделе примамлива можност за територијално проширување на Србија, Грција и Бугарија на сметка на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Биле воведени нови даноци и дошло до поскапување на производите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со колонизацијата српските власти сметале да ја разбијат компактноста на македонското население и да послужат за што побрза денационализација и асимилација на македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По ова започнал теророт и денационализација и асимилација на македонското население во Тивешијата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, откако Младотурците се зацврстиле на власт ги изневериле надежите и ги заборавиле ветувањата дадени на македонското население и НФП.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Поголемиот дел од територијата каде што живеело македонско население, централна и западна Македонија со над 200.000 жители - бил ставен под управа на грчката квислиншка влада на Чолакоглу.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Исто така поголемиот дел од територијата каде што живеело македонско население, Централна и Западна Македонија бил ставен по управа на грчката квислиншка влада на Чолаколглу.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се друго купуваа на пазарите во Костур и Рупишта и во средбите со месното, македонско население, попрво го научија македонскиот, отколку грчкиот јазик. Сега Инои, некогашното Ошени личи на град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, и сега не е доцна и тоа треба да се подвлече и да се искористи како пример и за другите Грци населени во Македонија кои се служат со тој јазик, нешто што се користи од странската пропаганда со цел да се оспори грчкиот карактер на македонското население.” Прекина и ме праша: - Што разбра од ова?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Поради тоа била силно присутна појавата неговиот број да се прикажува што помал, а по Солунските атентати бил направен обид македонското население да се истера од градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот „Дневник“ се прашува: „До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако К'нчов бил заинтересиран македонското население да го прикажува побројно, бидејќи го запишувал под графата “Бугари“, сепак неговата статистика, споредена со други горе-долу непристрасни статистики, дава релативно најточни податоци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Авторите на Џумајската авантура, коишто дејствуваа од името на бугарската влада и бугарскиот дворец и кои што ја повторуваа 1895 година... и ги дадоа сите адути на турската влада, а потоа и на српската и на грчката, коишто секогаш гледале лакомо на Македонија, да мислат дека македонското население е просто орудие за спроведувањето на политиката на еден внатрешен државен актер и дека, следствено, треба да ги преземаат сите мерки за осуетување на неговите планови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Солунските атентати властите решиле да ги исползуваат како повод за да истераат, по можност, што поголем број македонско население од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според тоа, учеството на македонското население во врховистичкото востание не се изразило толку во вид на некакво свесно и доброволно приклучување кон врховистичките чети, туку во вид на отпор и одбрана од нападите78.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Виничката и бројните други провали, судирите на македонските чети со аскерот, теророт на турските власти против македонското население се јавувале како нормална појава на една длабоко револуционерна ситуација и предизвикувале различни ефекти во земјата и во странство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Почнала крвавата пресметка на жандармите и војниците со невиното македонско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според тврдењето на Стег, иако имало квартови населени со македонско население, ниту еден од оваа средина не ја вршел функцијата мухтар.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овој ан бил едно од важните сврталишта на македонското население што доаѓало во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се покажало дека агитирањето да се чека помош и “слобода“ од Бугарија не било прифатливо од македонското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Македонското население од овој крај било лажено и дезинформирано од врховистите и од нивните соработници и во својот поголем дел било принудено да се дигне, бидејќи, испровоцирани од убиствата и нападите на врховистичките чети, турските војски на прво место ги напаѓале селата и ги принудувале да се бранат или да бегаат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По сè изгледа дека пред нив тој ја изнел заканата против македонското население во случај на востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грци во Солун зеле учество во башибозучките одреди при погромот врз невиното македонско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нашите весници, што редовно ги добиваме, се полни со протести против уништувањето на невиното и изгладнето македонско население“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа всушност сакала да го “обвини“ целото македонско население за Солунските атентати, за да ги оправда репресалиите против него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Врховниот комитет, кој пред Европа се претставувал како изразувач на интересите на угнетеното македонско население и сакал да игра решавачка улога во ослободителната борба на Македонија, решил по втор пат (првиот пат тоа било т.н.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Додека траеле атентатите, македонското население во Солун де факто, било ставено надвор од законот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Тој ја сакаше слободата на македонското население, а не на македонската земја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сомнението што било изразено за „замижување“ на полицијата пред подготовките за атентати, за да можат да се оправдаат прогонствата на македонското население, не било потврдено.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од економски и од политички причини, а и како резултат на големата несигурност што владееле во внатрешноста на Македонија, во последните месеци во Солун дошло македонско население во поголем број, кое, во мнозинството, ниту имало некакви лични врски во градот ниту било пријавено.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Подолу потписнициве велат: „Поради жалните резултати од таквото разделување на христијанското население во Македонија на разни групи непријателски настроени едни спрема други, ние уште пред издавањето на весникот „Балкански гласник“ се обидовме во вид на литературен клуб да основеме кружок што би имал за цел да ја обедини македонската интелигенција во Србија во едно цело, без разлика на убедувањата, и кој би се грижел за создавање единство на мислите сред македонското население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи” Составувала ли, составува ли и може ли Македонија да составува од себе одделна етнографска, и политичка единица?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонското население не се однесувало со омраза кон Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што гледате, господине министер-претседателе, – продолжува Спространов – ваквите идеи што веќе нашироко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За ова, секако, придонесува и речиси дефинитивното иселување на турското население (особено во периодот 1950-1960 г.), а исчезнале и постарите генерации од македонското население што се служеле со турскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Разбрале Турците кој го отепал Лумановиот татко и, сеќавајќи се што може да се случи, го чувале малиот сѐ додека тој не пораснал задоен со омраза кон македонското население.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во мај 1944 година Грчката комунистичка партија го расформира СНОФ (Словеномакедонски антифашистички сојуз) што предизвика голем револт кај македонското насление.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во ноември истата година се формира и СНОФ (Словеномакедонски ослободителен фронт) како засебна антифашистичка организација на македонското население од Леринско и Костурско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Современото поимање на Македонија во американската јавност, како што истакнува Георги Пирински "не е само магловито туку обично и неправилно, што се однесува до борбата на Македонците за национална независност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Испратените британски воени мисии во Порече имале неизвесна судбина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Станува збор за теророт на грчката реакција врз македонското население, а причината за тоа била што Македонија "за повеќето Американци... е позната само како стара земја на Александар Велики", или по "македонските браќа мисионери, Кирил и Методиј, кои го раширија словенскиот црковен јазик".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа била погрешна информација бидејќи на територијата на Македонија четничкото движење немало голема потпора кај македонското население, бидејќи поголемиот дел од Србите кои се наоѓале на служба во Македонија заминале или биле протерани од бугарските окупатори непосредно по окупацијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секојдневните информации за присилните миграции на македонското население од делот на Македонија во рамките на Грција во Југославија, Бугарија и во Албанија, како спас од преземениот терор од страна на грчката реакција беше повод Македонско-американскиот сојуз на 17 јули 1945 година да се обрати со протестно писмо до грчкиот амбасадор во САД, Дијамантопулос.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но и покрај тие обиди за индоктринација, М. Вестерн, пристигнувајќи во Македонија, ќе забележи дека во „Скопје, Прилеп, Битола и во Охрид и во селата на запад се пројавува автентичен, дури и нагласен македонски национален патриотизам“ и дека македонското население не се смета „за Грци, Срби или Бугари, туку за Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)