магарешки (прид.) - трн (имн.)

Самата мисла дека на ова столче седеше Адем, Толета уште повеќе го разлути и почна да подрипнува од него, небарем на магарешки трње седна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ластета го понесуваа зелената и црвената боја на магарешкиот трн.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред мене еден сув магарешки трн се ниша, се занесува од лапајцата. 86
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе си ставиш некој магарешки трн под главата и ќе си легнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во врска со магарешкиот трн Ласте Думбаровски раскажуваше сознание на наш учен дека за успешно виреење на овој дар на природата потребни се многу лајна од добиток и дека нашето поднебје, со својата благопријатна клима, нуди оптимални услови за неговиот развој.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)