Ако сум добро расположена знам да бидам прекрасна, меѓутоа, доколку сум тажна, лута или по малку депресивна, мојата убавина исчезнува.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И еве, додека вие спиете, си играте, учите, јадете; додека вие се радувате, се лутите или плачете, јас ве замислувам, јас ве гледам во моиве мисли и ги водам овие разговори со вас.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекајќи брашно, и самите лути или замислени, и самите врзани за испуканата земја на недарежливите ниви, понекогаш дочекувале пребој. Не за добитокот. За себе, за софрата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)