Се заборавале непријателства, се раѓале пријателства, се довикувале едни со други лутите противници, се заканувале, се исмејувале, а одвреме-навреме и за гуша ќе се дофателе будали поединци а оние другине, поумните, брзале да ги раздвојат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И самиот тој во некогашниот живот беше негов лут противник – железен човек со челична маска место лице, низ која се пробиваше ’ржењето на разбеснетиот волк.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се очекуваше да стапат добитниците, претставниците на лутите противници - Израел и Палестина, решени најпосле, по којзнае кој пат да се договорат за формулата на трајниот мир.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Напредокот во геј-правата“, тврди Даниел Харис, „честопати се извојува за сметка на нашите вродени, културно неприспособени идиосинкразии што ги имаме како малцинство, а кои мора да се смекнат или целосно да се избришат за да оствариме целосна општествена прифатеност. Геј-ослободувањето и геј-сензибилитетот се лути противници“.97
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нивното бојно поле - денот се подаваше во еден замав на нивна крвава пресметка, земајќи ја бојата на секој од тие ветрови, а како своја залога препуштајќи им ги ним токму своите облаци, секогаш и секому само онолку, колку што можеа да си одземат, да си извојуваат еден од друг овие двајца лути противници.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Највисоките претставници на дипломатскиот кор беа построени како убаво наредени и украсени големи саксии со цвеќе во свечената сала на УНЕСКО.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)