луд (прид.) - глава (имн.)

- Ма, луда си ти? Заедно со твојата луда глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ДИМО: Зашто Мерџан Марков е луда глава! Коски по планините ќе остави.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Жива сум, сè уште, додека гледам од деветтиот кат и во мојата луда глава пресметувам уште колку секунди ќе бидам жива од моментот кога ќе решам вистински да полетам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ништо, ништо, говореше жената. - Ногата те боли заради тоа што ти е луда главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште еден прекршок, овој пат дисциплински. Млади луѓе, луди глави.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на лошото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За годишницата од смртта на Козакот Семјон Иванович Јацун Доаѓаше во кафеаната од зад аголот без да ја забележиш престарената кајсија на широчинката која понекогаш и наесен се дрзнуваше да процути Дури и да му се насмевнеше чудесниот свет во нејзината крошна немаше да го вознемири Птиците само својата тага ја пеат но не и тагата на туѓинците Птиците што преплашени бегат пред секој шумен облак
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
НЕДООДЕН ПАТ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лудите глави знаеш кој ги води? Ѓаволот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)