луд (прид.) - е (гл.)

Ние зборувавме: „Да се биде луд е исто што и да се биде во опасност, да се прави обид да се викне за помош, а никаков глас не може да излезе од устата – грлото се напрега, и јазикот, и усните, а сѐ е попусто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа крв ја разбуди црната крв на исплашените соседи по третпат за да заклучат - ЛУД Е И НИКОМУ ДОСЕГА НЕ МУ ДОНЕЛ ДОБРО...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И до оној кој е во опасност има луѓе, само свртени му се со грб, и не можат да знаат што му се случува, затоа што погледот на оној кој е во опасност, и нивните погледи, гледаат во различен правец, кон други пејсажи, кон различни неба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жените ги држеа за раце, застануваа пред нив, им го прекриваа видот и им велеа: ”Луда е... Луда...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога видоа дека му е трештена главата, отидоа кај началникот и му рекоа: „Луд е, господине, не знае што зборува...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)