логика (прид.) - приватен (прид.)

Тоа, на прв поглед, би можело да изгледа како заклучок од аргументот за приватниот јазик, но не е така.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еден од длабоките ефекти на аргументот за приватниот јазик е што тој сугерира пресврт во овој редослед на тешкотиите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имено, аргументот за приватниот јазик вели дека јазикот не може да биде логички приватен, т.е. да може да му биде познат единствено на оној кој го употребува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како и да е, следејќи го аргументот против можноста за логички приватен јазик, Витгенштајн доаѓа до заклучокот дека, како што тоа го формулира Рајт, „не може да постои нешто како привилегирано препознавање во „прво лице” на диктатите на нечие разбирање на еден израз”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тврдењето дека јазикот не може да биде логички приватен не е тврдење дека тој е логички јавен, бидејќи тоа ја остава отворена можноста за контингентна приватност, т.е. можноста за некој Робинзон Крусо напуштен на некој остров од своето раѓање, кој сепак преживува и во текот на растењето развива јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)