Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)