Нивото на свесност ги дава значењата изведени од ликовите и од читателите преку “размислување” за настаните и темите кои се откриваат преку нивото на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Прашања од нивото на свесност Нивото на свесност овозможува индивидуите да ги преиспитаат промените во развојот кои се одвиваат преку алтернативно ниво на акција и да определат кои се можните нови сознанија за: (а) природата на нивните предиспозиции и желби, (б) карактерот на различните квалитети на индивидуата и на нејзините односи со другите, (в) структурата на нивните внатрешни состојби, (г) содржината на преферираните вредности, верувања, и конечно, (д) природата на нивните определувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во ова ниво доминираат перцепциите, мислите, спекулациите, реализациите и заклучоците, и многу од нив се во однос со: (а) определувањето на желбите и на склоностите на ликовите, (б) идентификацијата на нивните лични квалитети и на карактеристиките на нивните односи (в) појаснувањето на нивните намери - на пример, нивните мотиви и нивната цел - и (г) определувањето на вредностите и верувањата на ликовите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Прашањата од нивото на свесност ја помагаат артикулацијата и извршувањето на овие алтернативни предиспозиции, желби, лични квалитети, односи со другите, внатрешни состојби и верувања, и тоа кулминира во „ре-визија“ на личното животно определување. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)