Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч – според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)