Во него била истакнувана националната посебност на македонскиот народ, неговиот јазик, како и потребата од здружување на сите сили за борба против освојувачките интереси на соседните држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Софија своја активност пројавила “Младата македонска литературна дружина”, која во 1892 почнала да го издава списанието “Лоза”.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Воспитувачот, предобриот Трифун Трифуноски, поет, одговорен раководител на Фискултурната и литературната дружина, со две околиски првенства на крострчање (пролетниот и есенскиот крос) - со еден забележлив републички настап, тринаесетти, изваден во весник, награден со диплома и тие нешта што одат со тоа, - на највозвишен, стоотстотен уметнички начин ни соопшти за денот на аудицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Песната беше неочекувано добро, дури восторжено, примена од критиците во литературната дружина, што инаку несомнено повеќе уживаа да срежат некоја жалосна творба на духот, да ја исмеат заедно со нејзиниот творец, отколку да ѝ признаат какво да е достоинство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)