И покрај амбивалентниот тон во кој е пишуван овој текст може да се насети главниот парадокс: дека ликовниот живот во Македонија е разновиден и богат со нови појави, но дека тој сé уште не е структуриран на ниво на ликовна сцена во вистинското значење на зборот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Третиот предуслов за третирањето на ликовниот живот во Македонија како сцена е постоењето на меѓународни „ѕвезди”, уметници кои би биле исто толку познати надвор од нашите граници колку и во својата локална средина, кои би биле поканувани од организаторите на големите светски изложби на сметка на организаторот (а не на државата) и за кои би пишувале странските списанија (не по нарачка).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Си трчав, а по предлог на подржувачот, застанував и влегував во културните институции, специјализирани за анимирање на музичко - сценскиот, литературниот и ликовниот живот во градовите (сакаше човекот да ми приреди и пријатни мигови во напорната работа).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Она што го правевме тогаш, преку изложби, хепенинзи и мурали, беше од голема важност, пред сé за самите нас, но и за јавноста чија потреба од свежина во ликовниот живот беше очигледна.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)