лесен (прид.) - сон (имн.)

И зашто така поругани и понижени поради Благуна се чувствуваат и сите жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не од внимание спрема Јанческите, да не ги навредат, туку за да не го скориваат злото, кое има чувствителни уши, лесен сон и брз чекор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Знаете, јас имам лесен сон. Освен тоа - Вашата наркоза!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој летен, лесен сон, кога ми го кажа Словото, Таткото, со полуоткопчана горна пижама, низ која ѕиркаа побелените влакна на градите, ја довика сенката на волкот, па на зајакот, па на еленот, и прошепоти, додека со прстите продолжи да ги придвижува тешките гранки на столетната шума: „Саноќ ѕвера ѕвер, но одлик остава слик, незнаено само чија, лика има змизми змија“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Очите ја оддава целосно. Секогаш будна, дури и кога спие, таа спие со лесен сон и нејзините очи следеа се.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По некое време тој ја изгасна светлината и се врати да спие, но пак се разбуди, овој пат не од нејзиниот глас, ниту од каков било звук, како на пример од отворање на врата, или од отворање на прозорец, туку нејзиното присуство го повлече од сон, кое тој го почувствува додека спиеше, онака како кога некој што има лесен сон, може да почувствува ако некој, тивко, на прсти, гази во неговата соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова е само сон, ќе си речев и ќе продолжев да спијам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Заспивав. Земјата под мене нечујно дишеше. Ѝ посакав лесен сон.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На Пелагија ѝ се чинеше дека е рано да ја дели од себе, ама оти во иста одаја, се согласи заедно со мајка Перса да ја облечат во пиџамките, да ја целуват во зацрвенетите обравчиња и да ѝ пожелат лесен сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Освен тоа, таа имаше премногу лесен сон од кој се будеше несфатливо лесно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Подобро прашајте ги оние кои плачат од среќа Трчајќи кон шкафчето со апови за лесен сон. (Убиецот со насмевка и насолзениот убиец Имаат ист ракопис и ист потпис).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Баба ми имаше лесен сон, а не знаеше како да постапи за да нè оттргне од тажниот настан, па еден ден зеде едно мало клопче волна и два пердува од кокошка и ме заинтересира да плетам вуѓи, врзалки за бовча.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)