Од кај планината Морава надојде лесен повев на ветер и во бранови ги разлула класјето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Одвај забележливо, полецка, со лесните повеви на разиграното лисје и нискиот лет на птиците, во котлинката се спушта свежа и лесна шумскопланинска квечерина. Надоаѓа лазурно-розова, шареникаво-сина, питома и тажна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пламенчињата од запалените свеќи, треперејќи во лесните повеви на ноќниот ветрец, бледо го засветлуваат оболеното лице на Ѓорѓи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во лесниот повев на ветерот треперат пламенчињата и шират светлина над мракот во кој трае тишината што само намерници ја разбрануваат со длабоките потајни воздишки и тивките молитви на незаборавот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ноќта - мирна. Топла. Лесните повеви на ветерот распостелуваат спурнина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Полна е на небото и полна е во морето од каде лесни повеви ја разблажуваат запурнината останата од жешкиот ден.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)