Нека му е лесна земјата на Никифор Абазовски, си реков. ,И дрвото не е дрво, ако не се чуе неговото паѓање", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дедото Киро го запали масленичето пред Богородица и, крстејќи се, гласно рече: - Нека и е лесна земјата и нека почива во мир... Амин...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Да, да! Сега сме спасени, свршена работа, нека му е лесна земјата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
За среќа Метеорот тој час се покажа многу присебен и храбар, нека им е лесна земјата на тие чудни, незабележани херои, згазени човечиња, секогаш настрана, фрлени, - се колнам, среде огнот се исправи и го зграпчи во своите прегратки Методија Гришкоски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Моите стари, нека им е лесна земјата, секогаш си имале своја порода кучиња.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Потоа живите фрлаат по една грутка земја – за да му биде лесна земјата.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)