Со време почна да се преиспитува дали можеби проблемот не е кај него и дали нивната бездетност не е последица на повторената гонореја, што ја закачи на едно исто место: еднаш како студент, уште при првото телесно искуство во една сомнителна јавна куќа во прикрајоците на градот во која го пречека поостарена, нападно нашминкана дебелникава анимирка што ја доби за евтина цена, и којашто не му го покажа жолтиот картон со седмично извршениот лекарски преглед (и кој, впрочем, во тоа време ни самиот не знаеше да го побара); и вторпат, со една млада бринета на која, пак, жолтиот картон ѝ беше сосем исправен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така, при доставувањето барање за утврдување инвалидност или неспособност за работа, засегнатото лице од 2004 година е должно да достави и наод и мислење за својата здравствена состојба и работна способност од матичниот лекар, а покрај тоа потребно е и да добие согласност од лекарската комисија на Фондот за здравствено осигурување, врз основа на лекарски преглед (чл. 1, ЗИДЗПИО/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Денеска е последен ден, Трифун Трифуноски, утре е лекарски преглед, ќе го одведат, о, мајко! - се разбира, тоа беше крај и на моите сили.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)