лажен (прид.) - сведок (имн.)

Тој запре на заемките: адет, обичај, право, закон, традиција (од арапски adet); ак, право, правда, вистина, (од арапски hak); аманет, оставање на чување, нешто, залог (од арапски emanet); давија, тужба и даваџија тужител (од арапски dava, односно davaci); имза, потпис (од арапски imaz); јалан шаитлак, лажно сведочење, но и јаланшаит, лажен сведок (од турски yalan şаhitlik, yalan şаhit); кабаат, вина (од арапски kabahat); карар, одлука, решение (од арапски karar); кефил, кефилин, заложник, тој што гарантира за друг (од арапски kefil); мираз, наследство, се употребува и за означување моминска спрема (од арапски miras); рушвет, мито, поткуп (од арапски rvеt) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немилиот настан, кој спротивно на законот никаде официјално не беше евидентиран, ниту пријавен од страна на работодавачот, се случи кога, и покрај очигледниот дефект на машината и потребата од негово отстранување (отпушување на цревото за нанесување малтер) – а за да не се губи еден ден како би се отстранил дефектот на професионален и безбеден начин, сопственикот на фирмата нареди веднаш да се отстрани дефектот и да се продолжи со работа „на негова одговорност“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко посебно внимание им посвети на ориентализмите кои означуваа разни давачки и такси што ги давало населението како: ангарија (со потекло од грчкиот во турскиот јазик angarya); арач (од арапски hara); бедел, замена, воен данок, замена за еквивалентна вредност, замена за воен обврзник (од арапски bedel); баждарина, баждарлак, баждар, такса за внесување стока во градот (од персиски bac); кафе-оџак-параси, вид данок што го уплатувале агите и делибашите во прилог на пашата (од турски kahve ocak parasi); ихтибаре, такса за право на тргување (од турски ihtibare)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, кога таа одговорност подоцна се доведе во прашање, истиот тој се обиде да ја одрече и да ја префрли вината на работниците, а дополнително дури и доведе лажни сведоци пред судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)