„Немаш страв. Ти своето мислење за непостоењето на бесмртноста го кажуваш со таква рамнодушност, како да си потполно уверен во својата бесмртност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Појавата на воените бродови придонесла егзархиското население да се успоки, а кај некои предизвикувала и лажна надеж дека, сепак, саможртвата на гемиџиите ќе даде некакви резултати.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ништо. Лажната надеж му го парализираше умот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Зуи внатре
шармантниот шум на душата
ја влече назад
но таа
по сѐ изгледа
ќе стане од леглото и
- по кој знае кој пат -
ќе се врати во стварноста
без лажна
надеж.
За жал, добата на
лесно
самозаблудување
за неа
е далечно
Минато.
Депресија: квечерина
Раз-сони се.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Но тоа не ме тера да си давам лажна надеж, за да го избегнам сопствениот страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Него, преку влевање на лажна надеж, со подавање на врбови гранки, божем за да го избават од сигурната пропаст, чупата Перуноска и Владимир Акиноски целиот тој ден го измачуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)