лажен (прид.) - бременост (имн.)

Се јадосуваше таа, се јадосуваше и Дукле, помислувајќи дека сето тоа било лажна бременост, привидно изгледала дека е трудна поради дебелштината.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Бабицата проверуваше, гледаше како плодот напредува, но постојано ја мачеше помислата: што стана со оној нејзин поранешен плод; останат ли е во неа, се стопи, или можеби се работеше за лажна бременост, каква што често се случува кај жените, особено кај оние што имаат преголема желба да имаат пород, да родат, и кои обземени од тоа и од психичката напнатост - понекогаш им се присторува како да зачнале: им се јавуваат слични знаци како кај затруднета жена: болки во стомакот, во половината, гадење, повраќање, посебна желба за јадење, несоница, чувство дека мевот им расте...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)