Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња
Ренесансата е изговор за еретиците
но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата
во нашата допуштена и официјална дијабола
нашата настраност и смисла за Анатема
можеби сме мали и смртни
можеби без престан се вртиме
околу себеси и Сонцето
а светот е некој непознат Infinito
но барем имаме сопствен пекол
и одбираме кого убиваме!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Инаку, управата гледаше да го задоволи интернатскиот народ повеќе со својата демократичност отколку со прибавување на земни блага: таа не водеше никаква сметка за куќниот ред, не поставуваше никакви ограниченија нити во однос на врските со надворешниот свет, така што и водот „Елен” се движеше по свое наоѓање - кога сакаше и каде сакаше, само ако дозволуваат атмосферските услови.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)