куќен (прид.) - покрив (имн.)

Застана крај отворениот прозорец и се загледа со влажен и набожен поглед во ноќта: куќните покриви беа подвиткани `рбети на џиновски мачки, скаменети во своето вечно демнење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Куќните покриви се белузлави, ниско паднати по земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А куќните покриви? пак ме праша. Ни тие немаат крв, му одговорив. Тогаш зошто се црвени?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оние што имале по едно воле веќе се здружиле по двајца на запрега и веќе ги преуредиле колите ослободувајќи ги од одвишноста на сплетените ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)