Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сепак се случува нешто важно. Важното е содржано во кусите и исто толку брзи здогледувања, слики или досетки, кој знае што сѐ. Молснуваат одвреме-навреме.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но додека спиеле, трупишта на боиште што само победниците го напуштаат, викале и стенкале рамно од утробата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа чудовиште било побезбожно од оние на иконите на килавиот Јаков: наголемена змија со куси и криви ноктести нозе, под зелени крлушки и со крилја на лилјак; главата, со мршојадска брада на работ на вилиците, се тресела а врз ноздрите ѝ лежеле магли.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зад отворениот прозорец низ кој тешко можеше да се спровре глава на дете, небото лежеше како дамка извалкан снег.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А крмакот кус и фатен во вратот, велеше, не може да се исправи, да ја досегне, велеше, туку само ќе грофта околу буката, ќе тупа со нозете и под него ќе татни земјата, планината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)