Барем јас колку што го запаметив, од онаа куса средба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја криев и мојата куса средба со Ататурк во резиденцијата на вујко, на островот Бујук Ада, крај Истанбул. Ја криев цел живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко беше импресиониран од кусата средба со Мустафа Кемал во резиденцијата на неговиот вујко Али Фети Окјар и од неговите зборови дека на Турција повеќе од кога било ѝ се потребни млади, школувани и храбри правници како него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)