кус (прид.) - приказна (имн.)

Во почетокот на осумдесеттите се афирмира како писател на куси приказни што ги објавувал во OMNI (едно од највлијателните научно популарни списанија во Америка) и во многу други престижни SF ревии.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неговите куси приказни како што е Burning Chrome (ќе биде објавена во следната Маргина!), биле редовно номинирани за највисоки литерарни награди во SF жанрот, во 1984-та излезе неговиот прв роман Neuromancer и ги освоил наградите Хуго (Hugo) (по избор на читателите), Небула (Nebula - по избор на писателите на SF) и Филип Дик (Philip K. Dick), гренслем меѓу писателите на научна фантастика.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неуромансер (Neuromancer), што е денес веќе класика на SF жанрот и свет грал на новата, хакерска субкултура, конечно ги воведе новите поими (се појавуваат веќе во кусите приказни), како што се matrix, cyberspace, ICE, neuromancer, console cowboy, jack, wizard и многу други што се денес основа на новиот хакерски сленг.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)