Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Така, браќа, така. Ќе и мешаме капите со агите, шо' ќе и мешаме, ами гледајте прибирајте понекое пусатче да ви се најде, — им зборуваше Толе па Врпчанци, Жиовци, Витоливци, Полчивци и другите селани од неговиот реон, покажувајќи им ја својата куса малихера, накована со жолти черечиња и половини лири.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)