Лицето му беше бледо но не гледаше веќе слепо; разлеаните зеници се собраа и станаа остри под кусите клепки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Крај нив мина жена со куси клепки и детски танко вратче.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Горната усна се отвора, станува тенка; носот потемнува и се протега преку челото: на неговото место остануваат само две широки ноздри; кусите клепки се повлекуваат в месо; под нив, место очи, светат две голи полжавчиња.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше уморна од лоши соништа и со разголени стаклени очи под кусите клепки додека сето лице покриено со видлива пајажина на влакненца и беше неприродно набелено.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)