купечки (прид.) - мирис (имн.)

Квечерината, кога ќе се вратело миризливото ветре во дворот, опрашено од поленов прав и полско билје, а со него ќе исчезнела реата од купечки мириси и нечистотии, таа повторно се миела за да го симне валканото од себе, повторно ќе влезела во молкот манастирски и шепотно молитвела и го молела Светиот Дух за спасението човечки и преображението свое: Свет Духу, во мене влези, засолни се, со светлина озари ме, со ангелска лика надари ме, ангел стори ме, во ангел престори ме. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)