Во рацете држеше сосема идентичен блок со зелена хартија, можеби купена во истата продавница во Атина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој имаше и едно скратено издание од оваа книга на старотурски, купена во младоста, во Цариград.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некои од децата јадеа грисини купени во некој од дуќаните на Маказар и празните ќесички ги фрлаа наоколу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Претпоставувам дека за дедо неприкосновениот голем френски беше поставен кон нашиот език како полуцилиндарот кон фесот, или уште подобро, како панталоните купени во „Кавалер моде“ кон долгите гаќи со учкур.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Обожуваше сомовина. Но, не купена во продавница, туку ја сакаше онаа свежата, штотуку извадена од мрежите на рибарите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)