И вака, исто: не маргина на некоја овдешна “културна сцена” (бог да чува, нека си останат залепени тие зомбии, спржени за “централноста” на своите интерни рефлектори), туку Маргина воопшто, обид да се подрива, грицка и дестабилизира (на најперфидни можни начини, од правење џева со клик-клак до пуштање чучулиги на сувереното небо) идејата за централно, со што, парадоксално (и тоа е страшната историска перфидност на сите вакви проекти) централното (државно, идеолошко) само ќе се зацврсти, бидејќи го тестираат моќните герилци што занает учеле од Total Recoll!
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Геј-гетата, со други зборови, побудија нови облици на живеење.
Луѓето што ги воспоставија тие гета не беа, главно, народ од средната класа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа ја создаде онаа масовна јавност која е суштинска за да се поткрепи културна сцена што е во процут и да се вдахнови постојан политички вриеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поддржуваше голема комерцијална инфраструктура, во која спаѓаа не само баровите, бањите и другите својствени сексуални институции туку и локален, месно заснован печат и други облици на комуникација,441 сосе книжарници и кафетерии.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Жалам само што, по толку заедничка работа, никој не се сети да издаде каталог или монографија за постоењето на една од поинтересните појави на ликовната и културна сцена кај нас, во осумдесеттите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа создаде двигателска подлога за политичко геј-движење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поточно, од релативната изолираност на гратчињата или од селските подрачја, геј-мажите се селеа во одредени градски подрачја, во таканаречените геј-гета што се обликуваа во главните велеградски центри.
Концентрацијата на многубројните геј-луѓе во одредени урбани маала имаше решавачки политички, стопански и културни последици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)