културен (прид.) - сфера (имн.)

На судијата му е дозволено да заборави да ја истакне и онаа многу важна поединост: дека двете жени биле и платени чиновнички токму на тој Мирко Бунде; дека биле задолжени да извршуваат негови наредби, а дека нивната работна обврска била трагањето по грешките и непримерното однесување на авторите и другите работници од културната сфера со нагласка не само на нивните либерални, националистички па и анархистички сфаќања туку и однесувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кај нас е забележлив извесен подем во културната сфера: поголем број активни луѓе, различни типови мислења...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дилемиве за кои зборувам, а и оние кои засекогаш ќе останат недоречени, ги разместував и средував во размислите во некоја од самиците на затворот по она мое неконтролирано однесување откако го бев слушнал разговорот на Катерина со Јана и Мирко Банде од канцеларијата на Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби некои се плашат да не ја насочат публиката кон некои необични нешта во културната сфера, да не речам, кон забранети љубови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)