културен (прид.) - студија (имн.)

Повеќе би требало да нѐ изненадат нејзините бројни поборници и поборнички, а особено оние што во последните четири десетлетија помогнаа да се воспостави огромната академска индустрија, наречена културни студии (cultural studies).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На нив ќе се навратиме во продолжение.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Елитистичките, економските, редукционистичките и песимистичките постапки ги заменија нагласувањето на релативната автономија, отпорот на публиката, множеството значења и политиката на уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Популарната култура стана сцена на динамично натпреварување, дури на “борба”, а не на статичка доминација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заслуга на културните студии е во тоа што, токму со постојаното нагласување на улогата на публиката (теоријата за активната публика, што некои ја означија како „бесмислен популизам“), постигнаа никој повеќе да не верува во потполната зависност на публиката, што на секое медиско надразнување би реагирала како програмиран робот или марионета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За да има одбраната каква и да е смисла, имено, мора да се запознаеме со обвинението. Значи критика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)