Целта на здружението е јасна: тероризам во уметноста, ширење на идиотизмот во културата, исмејување и засмејување, одгледување циркузанти за инфилтрација во врвните уметнички институции итн. (за поподробни информации околу здружението на творци љубители на идиотска уметност обратете се на адресата на Маргина.) Како мал прилог кон целите на здружението, и како некаков програмски почеток на неговото дејствување, објавуваме еден текст што се бави со идиотизмот претежно во тнр. западен културен круг, надевајќи се дека кон светскиот глобален фундус на идиотизам и ние ќе приложиме не баш безначаен дел.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)