Иако нигде не е запишано како сум облечен, знам дека го носам кафениот костум, оној што го сошив во Шнајдерската работилница во Гаково од оние три метра штоф што беа главна награда на новогодишната лотарија кога ја пречекувавме оваа 1951 година во културниот дом на селото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бањскиот комплекс, кој се протега пред нас, е огромен, речиси готов, со неколку хотели, бањски центар, културен дом, а се меѓусебно поврзани со мостови, тунели.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)