крцкав (прид.) - и (сврз.)

Најпосле - ноќ. Се стемнило кога некој Богдан Преслапец, умен маж со сенка на замисленост во очите, му рекол на црниот Пандил Димулев дека двајца Онисифоровци се премногу за четириесетина луѓе со различни имиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивната свршеница стануваше ноќе и бараше во нечисти чинии нешто за јадење, потоа, сета крцкава и испотена, се обидуваше да се намести крај Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Запалиле огнови и се собрале околу нивното крцкаво и шушкаво потрепетување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)