„Повеќе им верувам на сказните и приказните на моите раскажувачи кои веќе не се меѓу живите, зашто си верувам себе и на ноќите со крцкавиот снег...“ ќе запише Ренџов ставајќи ја живата стварност на прикажувањето над самиот уметнички облик.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога седнав ова да го запишам, во трето време, кога и јас ги имам годините на Караѓоз и Ване Мицо, вам лага, мене вистина, повеќе им верувам на сказните и приказните на моите раскажувачи кои веќе не се меѓу живите, зашто си верувам себеси и на ноќите со крцкавиот снег, и на играта на сенките, и на троглавата змија на амбарите, и на пагурчето со ракија, и на трепнежот на газиената ламба на таванот што ми беше свидетел за она што го слушаа моите уши.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Паметам оти по сокаците таа вечер, речиси секоја година, имаше крцкав снег. по стреите на куќите висеа долги мразулци, а сињакот ми ги боцкаше ушите и ноздрите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)