Мора да ги налутив надлежните поради ваквите мои критички мисли за поредокот на небото.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Макар што разговорот забрзано се доближуваше до крајот, не можевме да му одолееме на искушението да го соочиме нашиот гостин со полемичката теза за глобалниот распад на големиот бран на критичка мисла во Европа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со нескриени симпатии констатиравме, дека токму Данило Киш беше еден од оние исклучителни писатели кој локалната, југословенска книжевност, ја направи светска.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Значи, накратко образложуваме, дека целиот циклус на критичката мисла е далеку зад нас, дека спаѓа во разнишаната традиција на европскиот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сакавме само да го чуеме неговиот авторски коментар на провокативната хипотеза за потрошените критички ресурси, кои, отсекогаш, ги кредитираа ангажираните проекти.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)