критичен (прид.) - ситуација (имн.)

Турските власти во критични ситуации обично не правеле разлика - за нив сите христијани, без разлика на националната и црковната припадност, биле еднакво опасни за режимот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оваа наредба регулирала и некои задолженија на граѓаните што произлегувале од полицискиот час и ги наложувала критичната ситуација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во една таква критична ситуација Коста Кирков дошол до друга идеја: отишол во Велес, го дигнал фамилијарниот скапоцен накит на тетка му и пак се вратил во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 29 април битолскиот валија ги посетил конзулите на големите сили и им зборувал за критичната ситуација во која се наоѓал Вилаетот поради четничките акции и подготовките за востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)