И тие, како и бродот Галеб, Синиот воз, кој јуреше низ главните градови на републиките, кај кои дезинтегративните процеси стануваа блиска реалност, повеќе служеа како декор за да се сведочи за некогашниот авторитет и моќ, отколку како симболи на реалната моќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко можеше да смета на неговото пријателство во критичните години на својот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)