Беше еден од челниците во гратчето. Му се слушаше зборот во критичните времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Откако се премости критичното време со козите, спасителките на нашите животи, со златникот на дедо, во кој беше собрано сето наследство кое ни беше земено, а според Мајка, вратено од добриот Бог, па се спасија нашите животи од гладувањето, со Мајкиното жртвување да работи како касиерка во киното „Балкан” – требаше да настапат посреќни времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Во татковата егзилска стратегија во потрага по спој и спас за семејството во критичните времиња на балканската историја, филозофијата за следењето на патот на водите имаше посебно значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Одредницата народност претпоставуваше дека поради другата татковина, односно држава на која би требало да припаѓам, моите права во Југославија, всушност, беа до одреден степен ограничени во споредба со домородците, а и меѓу нив постоеше хиерархија во владеењето според бројната припадност на народите, кои ја создадоа првин државата на Србите, Хрватите и Словенците, Југославија, (со отворени и латентни антагонизми и анимозитети меѓу нив, кои особено се разгоруваа во критични времиња на Балканот и во Европа), па потоа таа се разбира во фашистички држави, врз строго етничко-национална чистота, за повторно да се обединат во антифашистичката коалиција и да ја пресоздадат новата федерација Југославија, во чиј состав влегуваа народите (Србите, Хрватите, Словенците, Македонците), потоа народностите (Албанците, Унгарците, Турците, Италијанците и другите), меѓу нив би можеле да се сместат босанските Муслимани (всушност конвертирани Срби и Хрвати).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)