крескав (прид.) - глас (имн.)

Како може без причина да го поткрева својот крескав глас и да ги истура пред нејзините очи сите незадоволства што го мачат?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Не сум го измислил, - налутено извика крескавиот глас. – Ти ја кажувам вистината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога и да сум ги видел заедно со баџанакот, кој инаку е доста пристоен човек, сум се чудел како ја поднесува во својата близина. Има еден таков крескав глас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)