кревок (прид.) - дрвце (имн.)

Оние кревки дрвца што денес ги окопувавте ќе израснат во чудесна шума - еден дел од шумското богатство на планетава Земја!“ дорече директорот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А отец Никодим избезумен, гледал во пожарот, во гредите што гореле и шепотел: „Горете кревки дрвчиња...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)