креативен (прид.) - процес (имн.)

Пет и Бол веруваат дека марихуаната, во најмала рака се однесува како еден дел од овој креативен процес - фазата на увид за време на која субјектот доживува чувства на разбирање на работите и восхит поради тоа откритие но, затоа што основата не била подготвена, целокупната ситуација е лажна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Вештина“ би имплицирало и нешто понизок статус од „уметност“ сугерирајќи на аматерство, додека „наука“ би можело да алудира на механистички приод и да го омаловажи мислењето за преведувањето како креативен процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Харман (Harman) и неговите соработници успеаја врз основа на сопствените истражувања на психоделиците (ЛСД, мескалин, псилоцибин, канабис и други), да ја откријат нивната способност да го олеснат решавањето на проблеми по пат на влијание врз “илуминационата фаза”, којашто многу теории за креативниот процес ја земаат како клучна во дистинктивна смисла, за време на решавање на сложени и долготрајни операции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали е коинциденција тоа што по една година Дишан ќе ги започне своите истражувања за едно дело чија централна тема е неуспешниот обид на додворувачот да ја добие раката на својата љубена?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Очигледно, степенот до кој еден одреден настан од животот на уметникот има влијание врз неговиот креативен процес е невозможно да се утврди со прецизност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Почнувајќи од Lost in the Funhouse, проблемите на пишувањето, положбата на писателот во креативниот процес и врските помеѓу стварноста и помнењето се меѓу неговите главни теми; самиот Барт често се појавува како лик во сопствените дела (на пример, во споменатата збирка, во ро­манот Letters, па и во овде објавениот расказ).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Изложбата „Невиното око: Детска уметност и модерните уметници” и каталогот (од кој е адаптиран овој есеј) имаат цел да го надокнадат пропуштеното, и постапно да ни овозможат подлабоко разбирање на креативните процеси и стремежи во работата на модерните уметници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и многу друго во модерната уметност така и корените на овој интерес за детската уметност лежат во романтичарското движење кое меѓу другото, детската наивност ја интерпретира како „генијалност”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На Брасе (Brassai), 1940. година, му кажа прилично непосредно: „Секо­гаш застанувам кога ќе видам дете како црта на улица или на тротоар или на ѕид.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак, го фасцинираше креативниот процес кај децата и начинот на кој тие го гледаат светот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)