крвав (прид.) - последица (имн.)

Оптоварени од споменот на крвавите последици на битката за заземање на Лерин, тргнавме за Костур.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се чувствуваше непобеден медитерански лав излезен во арената на животот, кој зад себе ја имаше оставена живата творба, туниската држава, која остана модел во Магреб и Франција, за избегнатата колонијална војна како во Алжир, ги избегна крвавите последици од религиозните судири.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Започна во тие години позачестено да го чита Коранот и најчесто да запира на сурата: Бог нема да ги измени луѓето ако не се менуваат самите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Она, што подоцна можеше да се нарече крвави последици од скршениот излог всушност и настана токму од тоа мирно свлекување на стаклениот џамлак низ кој наеднаш , како низ одзатната стерна, добитокот шумно потече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)