Изутрината Мил го разбуди порано за да го пречекаат на џадето автобусот што тргнуваше од крајезерскиот град.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Слушнала на млади години, поминати во крајезерскиот град дека еден нејзин сограѓанин поет, шетајќи крај езерото, зборувал сам со себе. Тој така ги составувал своите песни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Низ прозорецот што свртен кон југ, ги гледа куќите изнаредени под брегот и крај џадето што оди во крајезерскиот град: куќите се различни по височина и по материјалот од кој се градени: некои се на еден кат, некои поткренати на два, некои се со печени тули, некои со плитари, некои со камен, некои со плотици, некои измачкани, некои не; некои со ограден двор, некои одградени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Никогаш, дури ни при бомбардирањата на крајезерскиот град за време Втората светска војна, кога татко ми мораше да замине на едно од своите таинствени патувања од кои се враќаше дури кога ќе се утврдеше едниот или другиот окупатор, мајка ми и постарите браќа не го беа виделе позагрижен, повознемирен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Во старо време во крајезерскиот град имало триста шеесет и пет цркви; да можат луѓето секој ден во годината во нова црква да се молат...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)